Пиете пилули за контрацепција а сепак сте бремена? Постои логично објаснување

2 јули, 20200
сфсдфсдф


Во ретки случаи, кога ќе се случи жената која зема апчиња за контрацепција да забремени, до сега секогаш се сметаше дека таа е на некој начин виновна – дека го прескокнала денот, или не се придржувала целосно до распоредот. Имено, таблетите за контрола на раѓање гарантираат 99% заштита од бременост, но ова се однесува само ако ја земате пилулата во исто време секој ден. Ако ги пиете секој ден, но во различни периоди, процентот на безбедност од бременоста веќе паѓа на 91%.


Сепак, неодамнешното истражување откри дека постои уште една можна причина. Апчиња за контрола на раѓање се хормонална терапија која ве спречува да забремените. Една неодамнешна студија откри дека можна причина е генот CYP3A7 * 1C, кој нормално постои само кај фетусот и е „исклучен“ пред раѓањето.


Сепак, кај мал процент на жени, овој ген преживува сè до зрелоста, произведувајќи го ензимот CYP3A7, кој е одговорен за „кршење“ на хормонот. Како резултат, овие жени стануваат „отпорни“ на ефектите од апчиња за контрацепција. За среќа, генот е видлив на генетското скенирање, така што во иднина, жените кои го имаат ќе можат навреме да бидат предупредени, да се потпрат на некоја друга форма на контрацепција, доколку сакаат да спречат непланирана бременост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *