Познатиот руски пулмолог откри дали пушачите се поотпорни на КОРОНА ВИРУС!

11 ноември, 2020
пулмолог

Ова е прашање кое сите го поставуваат во последниве денови

Доктор, професор и епидемиолог Игор Гундаров ги коментира информациите дека пушачите и луѓето кои пијат алкохол имаат помала веројатност да се заразат со корона вирус.

Во интервјуто за „Москва 24“, тој кажа дека ваквата статистика сè уште не е официјално докажана.Нема докази дали тие полесно се заразуваат или не, но има пушачи кои генерално повеќе страдаат од респираторни инфекции – посочи тој.

Гунаров исто така верува дека самото откажување од пушењето нема значително да ја намали смртноста од корона вирус.

Претходно, д-р Михаил Шчелканов, професор на Институтот за истражување на вирусологија, рече дека пушачите дефинитивно имаат повисок ризик за потешки симптоми во случај на инфекција. Французите први рекоа дека „короната нема да ги нападне пушачите“.


Една статија од април 2020 година ги наведува резултатите од студијата во Париз, чија цел е да се утврди стапката на пушачи кои страдаат од ковид. Нивните резултати велат дека пушењето ги прави луѓето помалку подложни на добивање корона.

Редовните пушачи имаат многу помала веројатност да развијат симптоматска или сериозна инфекција предизвикана од САРС-CoV-2 во споредба со општата популација.

Тие објаснија дека вирусот влегува во нашите клетки со врзување со рецепторите на протеините ACE2, кои се наоѓаат на површината на одредени клетки. Бидејќи никотинот се врзува за AC2 рецепторите, тој исто така го спречува врзувањето на вирусот, потенцијално намалувајќи ја количината на инфекција што може да навлезе во белите дробови.


Сепак, постојат некои клучни ограничувања во оваа студија – тоа не го докажа ефектот од пушењето врз корона вирусот и сè уште не е прегледано. Но, приказната се менува тогаш кога пушачот ќе фати корона.

Студијата што проучила 2,4 милиони луѓе во Велика Британија кои ја користеле апликацијата за да им ги следат симптомите, открила дека пушењето го зголемува ризикот од корона вирус. Тим истражувачи од Лондон откриле дека пушачите ќе развијат 14 проценти повеќе симптоми, како што се постојана кашлица и висока температура.

Друга студија од март 2020 година ги разгледа постојните студии за ковид, кои вклучуваа информации за тоа колку луѓето пушат, како и за тоа колку се погодени од оваа болест. Откриле дека на поголем процент од сегашните и поранешните пушачи им е потребна интензивна нега или респиратор.