ПРЕДУПРЕДУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ: Луѓето кои стекнале имунитет на короната, треба да продолжат да носат маски бидејќи постои сериозна причина!

28 ноември, 2020
Tan2020-11-14_141217796_0_1000x0


Носењето маска е здрав начин на однесување, особено сега
Како што расте бројот на заразени од корона вирус, така расте и бројот на луѓето кои се опоравиле од болеста предизвикана од вирусот.

Сепак, пациентите кои се опоравуваат од ковид-19 може веднаш да не се чувствуваат целосно здраво. Несаканите ефекти можат да траат, а медицинските експерти изразија загриженост за долгорочно оштетување, особено на белите дробови и срцето.

Исто така, иако пациентите веројатно ќе бидат имуни барем некое време по закрепнувањето, постои загриженост за повторна инфекција од корона вирус, што значи дека луѓето кои веќе имале вирус треба да продолжат да носат маски, да ја почитуваат физичката оддалеченост и другите пропишани епидемиолошки мерки.

Д-р Патрик Качур, професор на “Mail Columbia School of Public Health”во Њујорк, посочи дека се евидентирани мал број случаи на луѓе кои по втор пат биле заразени со ковид-19. „Сè уште не знаеме колку можат да бидат заразни“, рече тој.

Д-р Колин Крафт од болницата во Атланта изјави дека некои случаи укажуваат на тоа дека луѓето кои ќе се разболат по втор пат може да имаат послаби симптоми.

„Не знаеме, но мислиме дека кога повторно ќе се заразите, симптомите веројатно ќе бидат полесни бидејќи вашиот имунолошки систем веќе еднаш се борел против оваа болест“, рече лекарот.

Сепак, ова не може да биде секогаш така, може да има и потешки ситуации. И д-р Качур и д-р Крафт изјавија дека е важно да се продолжи носењето на маски, особено затоа што вирусот продолжува да се шири со голема брзина.

Покрај намалувањето на можноста за повторна инфекција со ковид-19, носењето маска ќе помогне и во заштитата на луѓето околу вас од други вируси.

„Можеби имате нешто друго освен ковид-19, затоа е добро да се обидете да го намалите преносот на респираторните вируси оваа година“, рече д-р Крафт, додавајќи: „Респираторните капки пренесуваат различни работи, па затоа носењето маска е здраво однесување, особено сега”

Д-р Качур се согласи дека носењето маски по ковид-19 може да спречи ширење на други вируси, што може да биде важно, особено додека лекарите се обидуваат да дознаат повеќе за долгорочните ефекти на ковид-19 врз целото човечко тело.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris