Природен лек за “челични” нерви

7 мај, 2020
neven

Стресот нè придружува секојдневно, особено во периодов кога се соочуваме со панедмија од корона вирусот. Но, наместо да земате антидепресиви подобро да го направите природно средство за зајакнување на нервниот систем.

Рецептот е едноставен и советуваме да го консумирате секојдневно!

Начин на подготовка:

Ставете една лажица ситни цветови од невен во 1,5 чаша зовриена вода. По 40 минути процедете.

Пијте по половина чаша чај 3 пати на ден.

Третманот трае 3 недели.