Професорот од Оксфорд ОТКРИ нешто што ќе ги интересира сите!

11 ноември, 2020
wo26-AUG-oxford-john-bell-780x470

Целиот свет со нетрпение чека крај на пандемијата и враќање на животот во нормала, а професорот од Оксфорд открива кога може тоа да се случи!

Светот се бори против пандемијата на корона вирусот веќе 11 месеци, а она што сите со нетрпение го очекуваме е слободно дишење, без опасност дека ќе се заразиме.

Кога тоа ќе се случи, никој не може со сигурност да каже, но факт е дека се прави напредок во борбата против Ковид-19. Компанијата „Фајзер“ вчера објави дека нивната вакцина против корона е ефикасна 90 проценти, а професорот од Оксфорд, Џон Бел, верува дека благодарение на тоа, светот би можел да се врати во нормала дури на пролет.

“Јас сум првиот што рече дека животот ќе се врати во нормала до пролет. Да, да, да”, рече професорот Бел.

Неговиот универзитетски колега, професорот Питер Хорбај, потврди дека овој момент е важен и дека дава охрабрување и оптимизам.

“Се почувствував олеснето кога ги видов резултатите. Ми се чини дека ова е добар знак”, рече Хорбај.

Потенцијалната вакцина на компанијата „Фајзер“ досега е тестирана на повеќе од 43.000 волонтери, од кои 38.955 ја добиле втората доза на 8 ноември.

Вакцината ефикасно штити седум дена по приемот на втората доза, велат експертите.