Растојанието од 2 метри не е доволно да се заштитиме од корона! Ова се случува кога ќе излезете на прошетка, а оној кој трча го крши правилото!

12 април, 20200
корона

Многу луѓе, спортските сали кои се затворени низ целиот свет ги заменија со редовно трчање. Иако многу луѓе се обидуваат да изберат патеки каде нема многу луѓе, практично е невозможно да се одржи пропишаното растојание од околу два метра во големите градови.

Експертите апелираат дека ако се најдете на место каде некој џогира, оддалеченоста од два метри не е доволна за да се заштитите. Оние кои трчаат, велат експертите, имаат поголем потенцијал да заразат други луѓе кои трчаат, пешаци, па дури и велосипедисти на подолги растојанија.

Компанијата „Ansys“ направи видео со кое се гледа како можете да се заразите дури и ако држите растојание од два метри.

Според симулацијата што ја направиле, ако се најдете директно зад личноста која трча, два метри не се доволни. Експертите од оваа фирма исто така велат дека трчањето, таму каде што луѓето се рамо до рамо е помалку ризично отколку формацијата каде луѓето се едни зад други. Дали оддалеченоста од два метри е доволна за да се заштитиме од вирусот? Судејќи според ова видео, не секогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *