Режим од ирски лекари: Губите 500 грама неделно без напор, а докажано е дека тежината не се враќа!

20 август, 20200
rezim

Суштината на оваа диета не е само во исхраната, туку и во менувањето на неколку важни животни навики

Диетата со спиење е една од најлесните, но и најефикасните начини за губење на тежината. Ја осмислиле лекари од Ирска, кои тврдат дека на овој начин има рамномерно и стабилно слабеење (500 грама неделно), но и подобрување на здравјето и спречување на бројни болести.

 Лекарите велат дека суштината на оваа диета не е само промена на навиките за јадење, туку генерално и начинот на живот.

Научно е докажано дека прекувремената работа и недостаток на сон имаат најголемо влијание врз зголемувањето на телесната тежина.

Диетата со спиење значи да се јаде три до пет пати на ден, при што последниот оброк да не е подоцна од четири часа пред спиење. Заборавете на правилото „Не јадете после 18 часот. Ако одите во кревет во 11 часот, слободно вечерајте во 19 часот.

Што се однесува до физичката активност, се препорачува трчање, пливање, јога, возење велосипед, вежбање, танцување, пешачење – секоја активност во која уживате, најмалку 30 минути секој ден.

Што е дозволено да јадеме во диетата со спиење

Дозволени се сите крем супи од зеленчук,  пилешко и мисиркино филе, морска храна, зеленчук, овошје, млечни производи со малку маснотии, билни чаеви, сокови од природни овошја и најмалку 2 литри вода секој ден. Треба да се исклучат сите производи што содржат кофеин (одредени чаеви, кафе, газирани пијалоци, чоколадо).

Кога треба да легнете да спиете

Мора да одите во кревет пред 11 часот, а да спиете најмалку 8 часа во темна и студена просторија. Повлечете ги завесите, исклучете ги сите уреди од мрежата, така што светлата од уредите нема да ви го нарушуваат спиењето. Не гледајте телевизија, телефон или друг уред два часа пред спиење. За тоа време, подобро е да прочитате книга, да прошетате, да вежбате, да испиете чаша топло млеко … и да одите во кревет.

Ефект

Како што веќе споменавме, ако имате прекумерна тежина, ќе изгубите околу 500 грама секоја недела. Со текот на времето, ако се придржувате кон овој животен стил, телесната тежина ќе се врати во нормала и ќе остане стабилна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *