Само едно лице во светот го имаше овој необичен симптом и беше позитивен: Лекарите предупредуваат!

6 август, 20200
korona-virus

Корона вирусот е веќе потврден кај повеќе од 19 милиони луѓе ширум светот, а бројот на симптоми кои се показател на ковид е многу широк.


Покрај главните – треска, сува и континуирана кашлица, губење на чувството за мирис и вкус, научниците сега велат дека друг исклучително невообичаен симптом може да укаже на САРС-КоВ-2.
Постојанoто икање може да биде предизвикано од ковидна инфекција, велат лекарите од Медицинскиот центар Cook County во Чикаго.
Имено, тие лекувале маж кој бил примен во болницата по икање 4 дена.
Тој немал други знаци на инфекција, а други медицински тестови не ја откриле основната причина за неговите симптоми.
Подоцна е откриено дека тој има корона вирус.
– 62-годишен маж без историја на малигни заболувања или белодробни заболувања ни беше претставен со проблем со четиридневно икање. Освен епизодните икања, тој немал други знаци на болест. Колку што знаеме засега, ова е прв случај на икање како основен симптом кај позитивен пациент – велат лекарите.
Тие посочуваат дека случајот со овој човек треба да се има предвид, бидејќи вирусот корона се манифестира на голем број други начини.
Но, само икање не значи дека имате ковид.
Повеќето луѓе повремено икаат, а тоа обично трае само неколку минути.
Нема посебна причина зошто се појавува икањето, но може да биде предизвикано од стрес, храна или пијалок.
Меѓутоа, ако икање трае подолго од 48 часа, тогаш е знак да се јавите кај вашиот лекар, предупредуваат лекарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi