Седум намирници кои ќе ги смират утринските мачнини

10 април, 20200
trudna

Повеќето од жените, веднаш чим дознаат дека се бремени, почнуваат да размислуваат како да ја подобрат својата исхрана и да започнат да јадат поздраво. Се разбира, ако имате утрински мачнини, тоа може да биде доста тешко. Но, постојат одредени видови храна што можат да ви помогнат да ја надминете вашата утринска мачнина и да ви овозможат доволно енергија за да функционирате нормално.

Нутриционистот Роси Летс смета дека следниве седум намирници се одлични во случај да имате утринска мачнина:

Било што ладно

Побарајте утеха во вашиот фрижидер и земете неколку ладни закуски за да ви помогат да ја надминете утринската мачнина. На пример можете да се напиете ладен јогурт или да каснете ледени стапчиња што можете сами да ги направите. Поголема е веројатноста топлата храна да предизвика гадење отколку ладната.

Лимон

Овошјето полно со витамин Ц, фолна киселина и калиум може да помогне. Мирисот и вкусот на лимонот го смируваат желудникот, а дополнително смирувачко дејство има кога во чаша со топла вода ќе ставите лимон и ѓумбир.

Супа

Не постои состојба во која супата која нема да ви помогне барем малку и да ве крене. Исто така таа е одличен начин да се вклучат протеини и зеленчук во вашата исхрана доколку сметате дека вашиот желудник не може да поднесе цврста храна. Ако самите си ја направите супата, можете слободно да направите поголема количина и остатокот да го замрзнете за понатаму.

Газирани пијалоци

Иако газираните пијалоци можат да ви помогнат во борбата против гадењето, обидете се да ги избегнете оние кои имаат висока содржина на шеќер. Нивната предност е тоа што газираноста ја намалува киселината во желудникот, но ако консумирате пијалок со премногу шеќер, ситуацијата може да биде полоша.

Тост

На листата додадете многу јаглехидрати како крекери и леб од цели зрна. Таквата храна го одржува шеќер во крвта на ниско ниво, а воедно и многу полесно се вари.

Бисквити од ѓумбир

Ѓумбирот е познат по неговите позитивни ефекти врз варењето на храната и намалувањето на подуеноста во стомакот. Покрај тоа, неодамнешните истражувања покажуваат дека тој може да помогне во намалувањето на утринската мачнина. Рецептите за колачиња од ѓумбир се многу едноставни, а во мали количини би можеле ви да помогнат.

Чај од нане

Нането ќе ве смири многу брзо и чајот ќе ви помогне да се чувствувате подобро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi