Секоја жена треба да го знае ова! 8 симптоми кои укажуваат на РАК НА ЈАЈНИЦИТЕ

19 јули, 20200
Annotation 2020-07-19 155811

Ако имате повеќе од овие симптоми во траење од неколку недели или месеци важно е да се јавите на доктор. На годишно ниво , повеќе стотини илјади жени заболуваат од рак на јајниците.

Иако овој број е помал од бројот на случаи кај кои е дијагностициран рак на дојка, постои голема причина за грижа, затоа што ракот на јајниците е по смртоносен, а причината  лежи во тоа што најчесто касно се открива.

Само 15% од вкупниот број на случаи се дијагностицираат во рана фаза, кога има можност да се спречи неговото ширење на другите органи.

Бројните испитувања покажуваат дека поголем број на жени (со рак на јајници) оделе на редовни прегледи шест до девет месеци пред да биде потврдено заболувањето.

Симптомите во најголем број на случаи се поврзани со други здравствени проблеми и заболувања кои е потребно прво да се испитаат. Тоа е главната причина зошто ракот на јајници се нарекува тивок убиец.

Кои се симптомите на рак на јајници?

Кога ракот се развива и расте, симптомите кои се јавуваат, обично се гастроинтестинални проблеми поврзани со притискање на туморот на органите како што се:

подуеност

болка во стомакот, грбот или карлицата

отекување на абдоменот или карлицата

чувство за ситост скоро при самиот почеток на оброкот

слабо варење

дијареа или опстипација

често мокрење или чувство дека мора да мокрите

губење на енергијата и апетитот

Исто така , некогаш може да се појави и крварење или пореметен менструален циклус, зголемено или нередовно крварење. Ова е поверојатно да се појави кај млади жени, затоа што староста  исто така е ризик фактор кај ракот на јајници. Повеќе жени кај кои е дијагностицирано заболувањето се во менопауза.

Постојат специфични типови на рак на јајниците, кај кои може да се појави крварење и многу е паметно да не игнорирате ако приметите нешто такво.

Сепак, наведените симптоми се многу чести.

Кога е вистинско време за грижа?

Важно е добро да го познавате своето тело. Многу жени, повремено, имаат еден или повеќе од спомнатите симптоми, но ако поминат неколку недели или месеци, а симптомите не поминуваат нормално, тогаш е време задолжително да се јавите на лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *