За време на карантинот сите добија некое кило плус, а таа СЕ ПРЕПОЛОВИ! За 8 МЕСЕЦИ таа од 145 кг стигна до 80 кг, еве како успеа!

10 ноември, 2020
145

Анџелина Топи од Мериленд (24) успеа да се симне од 145 килограми на 80, а нејзината трансформација започна за време на пандемијата. Сè започна во февруари, три недели пред да почне карантинот во Америка, откако таа раскина со своето момче .

По раскинувањето, сфатив колку нездраво живеам, исто така имав желба за „одмазда“. Додека повеќето луѓе си уживаа и се дебелееја во карантинот, јас бев упорна и ослабев – вели таа.

Во октомври, Анџелина се зарази со корона вирус, но дотогаш веќе изгуби добар дел од својата тежина и таа тврди дека токму тоа и го спасило животот.

View this post on Instagram

📷

A post shared by Angelina Marie Toppi (@lina_bina96) on

Ако имав 145 килограми во моментот кога се заразив, веројатно немаше да бидам жива денес. За среќа, бидејќи ја намалив тежината на здрав начин, поминав без сериозни симптоми – вели таа, додавајќи дека имала губење на чувството за мирис и вкус.

Таа ослабела така што го органичила внесот на јаглени хидрати на 20 грама на ден. Најмногу јадела месо, салати и зеленчук, додека порано јадела масна, нездрава, брза храна, слатки и сокови.

Беше многу тешко на почетокот, но по два месеци се навикнав. Сега пополека внесувам одредена количина на јаглени хидрати во мојата исхрана, како овошје или компири, вежбам и работам на тоа да се ослободам од овој мал вишок што ми остана – вели таа.