Со привремен пост овој доктор ослабнал неверојатни 56 килограми!

20 април, 20200
доктор

Докторот Кевин Гендреу пред неколку години решил да ослабне зашто животот му бил потполно хаотичен. Неговата сестра Рејчел умирала од рак на јајници, а во моментот кога сфатил дека може да му помогне на нејзиното здравје, истовремено сфатил дека може да си помогне и себе си. Кевин тогаш имал 136 килограми, на висина од 180 сантиметри. Одлучил да проба привремен пост и за 18 месеци изгубил 56 килограми. Со промена на храната почнал и да вежба. Две години подоцна резултатите се повеќе од очигледни.

Со почетокот на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, Кевин повторно се нашол во слична ситуација. Многу непознати работи, нередовни смени во болница и пореметување на секојдневната рутина предизвикале повторно качување на килажата. Спасот повторно го побарал во привремениот пост.

“Со оваа пандемија која излегува од контрола сфатив дека, ако ништо друго, барем јас можам да ја контролирам сопствената исхрана и исхраната на моите пациенти”, изјавил Кевин.

Гендреу е семеен доктор кој на многу свои пациенти им помогнал да ослабнат. Сега, кога речиси целиот свет се наоѓа во некој вид на карантин, Кевин својата помош им ја нуди на пациентите онлајн.

“Голем дел од мојата работа се однесува на разговор со пациентите. Во оваа криза на многу луѓе им е потребен контакт во човечки облик. Јас тоа им го овозможувам со помош на интернет и им давам чувство како навистина да биле на преглед кај доктор, иако не излегле од дома”, објаснил Кевин.

Тој е свесен дека многу луѓе наоѓаат утеха во храната, а и самиот тој бил таков пред да започне да ја применува кето диетата и постот. Иако се обидува на луѓето да им помогне за да не тргнат по тој пат, на сите им сугерира дека не треба да се оптеретуваат премногу.

“Морате да знаете да си простите. Многу луѓе се исполнети со толку многу вина, самокритика и лутина, па една мала грешка може сосема да го уништи целиот процес на слабеење. Грешките се составен дел од процесот, како и повременото отстапување и не смеете да полудувате поради нив”, заклучил докторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi