Спас за секоја жена: Ова се чаевите кои најбрзо ги намалуваат тешкотиите за време на менопаузата!

14 јуни, 20200
caj

Овие чаеви се најдобри сојузници за секоја жена која минува низ менопауза

За време на менопаузата, хормоналната рамнотежа се менува, менструалниот циклус е отсутен, но овој период носи и многу тешкотии и непријатни симптоми.

Најчести симптоми на менопауза се повремени топлотни бранови и ненадејни промени во расположението, но се појавуваат и вагинална сувост, губење на косата и зголемување на телесната тежина. Жените во менопауза имаат поголем ризик од развој на остеопороза.

Сепак, наместо хормонски терапии, постојат различни природни начини да помогнат во одржувањето на физичкото и менталното здравје за време на менопаузата. Експертите препорачуваат да започнете да ги пиете овие три медицински пијалоци во периодот пред менопаузата.

Чај од коноп

Се препорачува за време на перименопауза и е многу ефикасна во регулирање на топлотни бранови и намалување на болката во градите. Ова растение содржи прогестерон, затоа е одличен во воспоставувањето на хормонална рамнотежа помеѓу прогестеронот и естрогенот.

Црвена детелина

Овој чај помага при валуга и ги регулира ноќните потења кај жените во менопауза. Црвената детелина содржи фитоестроген кој помага да се врати хормоналната рамнотежа во организмот.

Зелен чај

Во текот на 2009 година, докажано е дека зелениот чај ја зајакнува коскената структура и го намалува ризикот од фрактури, особено кај жени кои влегле во менопауза. Зелениот чај содржи антиоксиданти, кофеин и EGCG (епигалокатехин галат). EGCG го забрзува метаболизмот, го спречува таложењето на масните наслаги и промовира губење на тежината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi