Спиете со отворени очи? Колку е ова честа појава и дали е лошо за вашето здравје?

28 јули, 20200
spienje so otvoreni oci

Ќе се разбудите среде ноќ, ќе го погледнете вашиот партнер, а тој „ве гледа“ со широко отворени очи!

Тогаш, уште повеќе се преплашувате кога ќе сфатите дека тој спие во длабок сон.

Иако изгледа како хорор сцена, ова е прилично вообичаена работа, затоа што според новите истражувања, околу 20 проценти од луѓето спијат со отворени очи (или делумно отворени), а овој феномен се нарекува ноќен лагофталмос.

Спиењето со отворени очи се јавува за време на РЕМ-фазата на спиење, и на пример, бебињата во оваа фаза поминуваат дури 50 проценти од вкупното време на спиење.

Ако спиете со отворени очи, можно е вашето дете да спие на ист начин, бидејќи ова нарушување е докажано дека е наследно.

Потенцијални здравствени проблеми

Поради ноќниот лагофталмос, очните капаци не се затвораат доволно за да ги покријат очите, што може да доведе до проблем на хронично суви очи.

Другите проблеми вклучуваат инфекции на очите, чувство како да имате туѓо тело во окото, црвенило, болка во очите, заматен вид, зголемена чувствителност на светлина, лузни на рожницата, па дури и можно губење на видот.

Но, ако никогаш не сте спиеле со отворени очи и одеднаш почнало да се случува, тоа е причина да посетите лекар.Имено, тоа може да биде знак на посериозен здравствен проблем, како што се мозочен удар, заболување на тироидната жлезда или оштетување на нервите на лицето.

Ментална причина

Ако спиете со отворени очи со години, причината најверојатно е од психолошка природа. Но, ако тоа ви се случило неодамна, најдобро е да се консултирате со лекар за да го отстраните сомневањето дека страдате од тумор или оштетување на нервите.

Лошото спиење може да доведе до сериозни здравствени проблеми, вклучително и срцеви заболувања и дијабетес, така што ова нарушување треба да се сфати многу сериозно.

Лагофталмосот се појавува во текот на ноќта, но и во текот на денот (попладневно) спиење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi