Срцето побрзо старее ако не спиете доволно, а се подмладува со спиењето

6 август, 2020
bnm,


Обемна американска студија покажа дека луѓето кои спијат седум часа навечер имаат срце 3,7 години помладо од нивната биолошка возраст, а оние кои спијат шест или осум часа имаат срце 4,5 години постаро отколку што треба да бидат на календарска основа.

Најголем ризик е кај оние кои спијат пет или помалку часови, нивното срце е пет години постаро од нивната биолошка возраст. – Подолги периоди со недоволно спиење имаат негативни ефекти врз повеќе системи на телото, вклучително и кардиоваскуларни. Анализите покажаа значајна поврзаност помеѓу времетраењето на спиењето и ризикот од срцеви заболувања, како што се високиот крвен притисок, дијабетес, висок холестерол и дебелина, рече главниот автор на студијата Quanhe Yang, постар научник во американските центри за контрола на болести и превенција во Атланта.

17 Proven Tips to Sleep Better at Night

Идеално е да спиете седум часа

Јанг и неговите колеги анализирале податоци од 12.755 лица на возраст од 30 до 74 години меѓу 2007 и 2014 година и ги поделиле во пет групи според времетраењето на спиењето. Околу 13 проценти спиеле пет часа или помалку, 24% спиеле шест часа, 31% седум часа, 26% осум часа и пет проценти девет часа или повеќе. Нивната старост на срцето беше пресметана земајќи ги предвид сите други фактори на ризик. – Спиењето што е премногу кратко или премногу долго е поврзано со зголемен ризик. Најнизок ризик е кај оние кои спијат седум часа – изјави Јанг за Ројтерс.