Страшно!! Видете колку капки исфрламе додека киваме или кашламе!! Епа ќе си носиме маски :(

3 август, 20200
naslovna

Американски истражувачи снимија видео во кое се прикажува количината на капки што излегуваат од устата и носот кога разговараме, кашламе или киваме.

Видео кое трае помалку од две минути, покажува како различни маски го блокираат испуштањето честички во воздухот во споредба со случајот кога некое лице не носи маска, јавува американската страница mashable.com.

Резултатите беа објавени во медицинскиот сајт Торакс и ја потенцираат важноста на носење маска за време на пандемија на корона вирусот кој се пренесува од човек на човек.

Како што се наведува, маските го намалуваат бројот на честички од корона вирусот што заразено лице ги испушта во воздухот, ги штити другите луѓе и има сè повеќе докази дека ги штитат луѓето што ги носат.

Заклучено е дека дури и еднослојните маски значително спречуваат испуштање на капките, додека во случај на кашлање и кивање, двослојните маски се многу поефикасни.

Видеото е снимено со камера со висока резолуција, прикажува што се случува со капките по кивање или кашлица, како и голема количина честички што завршуваат во воздухот ако лицето не носи маска.

Се додава дека бидејќи сè уште нема вакцина или лек против вирусот, маските се од големо значење за спречување на ширење на болеста, тврдат експертите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi