Уништете го Хеликобактер пилори и смирете ја болката во стомакот! (РЕЦЕПТ)

14 септември, 2020
profimedia-0310841319

Пробајте!

Хеликобактер пилори се наоѓа во долниот дел на желудникот, а според податоците на Светската здравствена организација, половина од популацијата е заразена со оваа бактерија. Ако не се лекува навреме, може да предизвика сериозни здравствени состојби.

Во народната медицина, уште од античко време, позната е оваа мешавина, која лечи цревни заболувања, запек, но исто така ги уништува бактериите во желудникот и благотворно делува на болката.

Потребни ви се смокви и маслиново масло за да го подготвите овој лек.

Подготовка:

Ставете суви смокви во тегла, најдобро би било да ги исечете на четвртини, а потоа да ги прелиете со домашно нерафинирано маслиново масло.

Оваа мешавина треба да стои најмалку 40 дена, по што можете да ја користите. Земете по една смоква секое утро на празен стомак.

За да го направите лекувањето што е можно поефикасно, прилагодете ја и вашата исхрана. Јадете зготвена блага храна без премногу зачини, особено топла. Избегнувајте кисела и масна храна, особено производи од суво месо.

Медицински својства на маслиново масло:

Искуството покажува дека комбинацијата на смокви и маслиново масло лечи, покрај желудникот и неплодноста, хемороидите, сите цревни заболувања, запек и ја ублажува астмата.

Маслиновото масло содржи повеќе незаситени масти од кое било друго масло и затоа се смета за едно од најздравите.

Благодарение на својот балансиран состав, маслиновото масло има заштитна улога во борбата против предвременото стареење на крвните клетки, ги штити желудникот и црниот дроб и го намалува појавувањето на бактерии во стомакот. Го стимулира растот за време на детството и го продолжува животот. Поради бројните хранливи вредности се препорачува нејзино секојдневно користење.

Забелешка: Пред да го конзумирате овој лек, најдобро би било да се консултирате со лекар.

escort - Korsan taksi