Утрински јога тренинг. За само 15 минути до совршено обликувано тело

27 јули, 20200
dsdsdsds

Јогата одамна е позната како техника која го затегнува телото, не е инвазивна и напорна и носи исклучителни резултати. На каналот „Youtube“ Boho Beautiful, тие ги советуваат жените за тоа како здраво да јадат и да прават вежби со јога правилно, за да постигнат совршени резултати, подобра подвижност и сила, но и попривлечно тело. “Јогата секое утро дава неверојатни резултати за многу краток временски период. Овие вежби ќе ги зајакнат мускулите, ќе го зајакнат вашето тело, ќе го дефинираат глутеусот и ќе го намалат обемот на половината и колковите”, тврди Џулијана Спиколук, искусен инструктор за јога. Современиот и бурен начин на живот често нè носи во ситуација кога немаме време да одиме на класични тренинзи или едноставно сме премногу уморни за тоа во вечерните часови, после работа. Овој начин на вежбање, кој бара само 15 минути од вашето време, е совршен начин да го вратите вашето тело во форма без болка и губење на време.


Покрај тоа што го обликувате вашето тело со овој режим на вежбање, научно е докажано дека вежбањето наутро, на празен стомак, го забрзува метаболизмот до максимум, го подигнува нивото на хормон за среќа, како и нивото на енергија и е многу здраво за сите органи. Значи, сега веќе немате изговор да не вежбате, бидејќи за тоа ви требаат само еден душек, телефон или лаптоп и 15 минути време, а резултатите ќе ве воодушеват.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi