ВАКА ЛУЃЕТО НАЈЧЕСТО СЕ ЗАРАЗУВААТ СО КОРОНА ВИРУСОТ: Една наша навика е особено ризична

30 август, 2020
maske

Вирусот корона се пренесува преку капки, но и преку воздухот, и како луѓето најчесто се заразуваат?

Експертите велат дека со вирусот може да заразиме и преку контаминирани површини, но дека тоа не е вообичаено. Главниот виновник за ширењето на вирусот, тврдат тие, е блиската интеракција со луѓето за подолг временски период. Исто така, ризични се и непроветрените простории, како и местата каде луѓето зборуваат или пеат гласно.

Но, вирусот, како што велат научниците, најчесто се шири со близок физички контакт, па затоа ви препорачуваат да избегнувате држење за рака, гушкање, бакнување, стоење многу блиску до некого. На луѓето во Македонија им е особено тешко да го почитуваат тоа затоа што сите сме навикнати да се збогуваме со некого за време на состанок, без разлика дали ќе се ракуваме, ќе ја гушкаме или ќе ја бакнуваме таа личност …

“Вирусот се пренесува во издишани респираторни капки и е присутен во назофарингеалниот секрет. Може да преживее и на кожата, на пример на прстите и под ноктите. Може да влезе во телото преку очите, носот или устата”, вели д-р Дебора Ли.

За време на близок физички контакт, пренесувањето на коронавирусот може лесно да се случи преку контакт со респираторни капки, кои можат да “паднат” на очите, носот или устата на другото лице. За да се спречи ова, многу е важно да се задржи физичката оддалеченост и да се носат заштитни маски.

escort - Korsan taksi