Вечерни вежби: Пилатес релаксација од 10 минути за мирен сон (ВИДЕО)

30 јули, 2020
veceren trening

Ако имате проблеми со спиењето или се чувствувате вкочането во текот на сонот, најдобро решение е да направите мини пилатес тренинг пред спиење.

Со овие вежби, секоја или барем секоја втора вечер, ја намалувате можноста за вкочанетост во текот на ноќта, а со тоа влијаете и на подобар квалитет на спиење.

На овој начин ќе ги извежбате мускулите доволно да се опуштите после тренингот, а исто така ќе почувствувате дека тензијата полека исчезнува од вас.

Дишењето е секогаш важен дел од секој тренинг, затоа правилното вдишување и издишување е исто така важно и кај пилатесот.

Друга важна работа е дека секоја од вежбите се изведува исклучително бавно и за најдобар ефект, пожелно е да се направи секое движење до крај!

Подгответе се за релаксирачки тренинг!