Велосипедизам за време на пандемија: Најважниот совет за безбедно излегување од домот

18 јули, 20200
tocak

Останете дома. Ова е најважниот совет што владите ширум светот го споделуваат во време на пандемијата на корона вирусот.

Меѓутоа, ако треба да излезете по работа, купување на намирници и слични вонредни состојби, нема подобар избор од велосипед, велат експертите.

Никогаш нема никој да го наруши вашиот простор од два метра каде што може да се пренесе вирусот, вели германскиот експерт Герд Антес, математичар кој работи на проблематиката за ширење на инфекцијата.

Се разбира, така и вие ги заштитувате останатите од себе.

Се наведува дека активности на отворено – одење, трчање, возење велосипед – се дозволени, но само индивидуално или со едно лице кое живее под ист покрив.

Само можам да истакнам: седнете на велосипед, рече Антес, кој смета дека велосипедизмот е 100% подвижна изолација.

Додатна придобивка е тоа што само вие ќе го допрете вашиот велосипед, а не сите оние копчиња, приврзоци и седишта, допрени од стотици луѓе кои патуваат со јавен превоз, а во него „има особено голема шанса за зараза“ (за градовите каде што продолжува јавниот превоз да функционира).

Ако вашиот велосипед собира прашина во гаражата последниве месеци, доволно е да го исчистите со вода и сапун.

Не се препорачуваат хемиски средства за чистење бидејќи можат да го оштетат велосипедот.

Потоа, треба да се проверат трите најважни делови на велосипедот – ланецот, гумите и сопирачките, вели сервисерот Дејвид Косман.

Синџирот мора да се подмачка. Сервисерите велат дека ова е неопходно ако забележите делови од ‘рѓа на ланецот или ако сте слушнале дека крцка додека возите.

Ако ланецот не се одржува, тој може да се скине, вели Косман.

Понатаму, проверете го притисокот во гумите. Ако немате пумпа со вграден манометар, можете да ја проверите со притискање на гумата.

Луѓето кои почесто возат велосипед имаат чувство колку треба да е притисокот на гумите, вели Косман.

Полупразната гума, се разбира, може да се дупне, но истрошената се препознава по фактот дека нејзиниот долен слој е видлив.

За малите пукнатини во надворешниот ѕид на гумата, без разлика колку се, не треба да се грижите.

И, конечно, сопирачките. Тие се исклучително важни за безбедност при возење.

Ако треба да ја притиснете рачката на сопирачката до крајот на управувачот, ова е веројатно знак дека треба да ги замените сопирачките или дисковите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *