Вистина или заблуда: Колкава доза витамин Д ни е потребна за одржување на имунитетот поради пандемијата?

4 декември, 2020
iStock-yulka3ice

Научна расправа за влијанието на витаминот Д за новата врста на корона вирус трае, а проф. др. Борислав Каменов го изнесува своето мислење за важноста на витаминот Д за нашиот имунитет.

– Најголема заблуда што се мисли витамин Д да има доволно, да го има во храната, која може да се купи на пазар. Тоа во суштина не е точно – рекол имунологот Каменов.

– Постојат две врсти на витаминот Д: Д2 кој се наоѓа во храната и Д3 кој го добиваме преку Сонце. Оној кој го добиваме преку Сонце е суштински проблем. Сега нам ни е потребно малку поголема доза. Кога се во прашање дозите на витаминот Д, докторот препорачува:

– Лица кои имаат преку 65 години треба да земаат 10.000 единици дневно, помлади лица 5.000 единици на ден, деца во зависност од возраста 1.000, 2.000 или 3.000 единици дневно.

Секако пред земање на витаминот Д потребна е консултација со лекарот, односно да се провери нивото на витаминот Д во крвта и ПТХ хормонот во параштитната жлезда која го регулира неговото ниво.

– Нема потреба ништо посебно да се прави за да се внесе витаминот Д во организмот онака како што треба. Едноставно капнете одредена количина во лажиче и голтнете ја.

Препорака на др. Каменов е витаминот Д да се зема наутро.