ВОЛШЕБНА БИЛКА: Мажите кои се борат со ќелавост сигурно не го знаеле ова решение!

16 декември, 2020
565565_celavost_ls


Повеќе од половина од мажите постари од 50 години се соочуваат со ќелавост и опаѓање на косата. Сепак, научниците сега им дадоа надеж на нив и на сите што ќе ја изгубат косата. Откриле дека растението, кое е присутно скоро насекаде, спречува опаѓање на косата.

Црвената детелина, која потекнува од Европа, Западна Азија и Северозападна Африка и расте речиси на кое било место во светот, може да го подобри квалитетот и густината на косата и да спречи опаѓање на косата, покажува научно истражување во Националната медицинска библиотека.

Зајакнувањето на косата со помош на црвена детелина е познато во некои традиционални народни лекови, а сега доби и научна потврда. Црвената детелина содржи високо ниво на изофлавони кои делуваат како фитоестрогени и ја зајакнуваат косата. Научна студија открила дека употребата на екстракт од црвена детелина заедно со биомиметички пептиди спречува опаѓање на косата кај луѓето кои имаат симптоми на алопеција.

По четири месеци тестирање, количината на коса во фаза на анаген (раст) беше за 13 проценти поголема, додека оние во фаза на телоген (пад) беа 29 проценти пониски. Ова е значително подобро отколку во контролната група, каде косата во фазата на анаген е помала за два проценти, додека онаа во телогената фаза се зголеми за 23 проценти. Покрај тоа, третманот помогна да се намалат воспалителните реакции и да се стимулира синтезата на протеините на фоликулите на косата.