Заматен вид, трнење и нерамнотежа може да бидат знаци за сериозна болест, препознајте ги на време

22 јуни, 20200
hgfhgfhfg


Мултиплекс склероза е хронично воспалително и дегенеративно заболување на централниот нервен систем, а штетата може да влијае на мозокот и ‘рбетниот мозок. Нема лек за мултиплекс склероза, но има голем број на терапии кои помагаат да се намалат симптомите и да се забави прогресијата на болеста. Сепак, со навремена дијагностика и ран почеток на третманот, можно е значително да се подобри квалитетот на животот на пациентите со оваа многу сериозна болест. Причината за мултиплекс склероза не е позната, а текот на болеста е многу непредвидлив и индивидуален, од случај до случај.

Невидливи симптоми

Болеста нема шема според која може да се препознае, а симптомите варираат од личност до личност. Штом се појават типичните симптоми , со соодветна дијагностичка обработка, дијагнозата е едноставна во повеќето случаи, потврдуваат невролозите со повеќегодишна клиничка пракса.

Како се открива мултиплекс склероза

По појавата на класичните симптоми на мултиплекс склероза, експертите ја прават дијагнозата врз основа на невролошки преглед, наоди за магнетна резонанца и наодите од испитувањето на цереброспиналната течност (течност што е добиена од ‘рбетниот мозок). До 2010 година, дијагнозата на мултиплекс склероза не можеше да се направи во фазата кога се појавува првиот симптом, требаше да се почека следното влошување на болеста. Сепак, по промената на дијагностичките критериуми, кај повеќето пациенти, дијагнозата на мултиплекс склероза се поставува врз основа на првиот клинички симптом, еден наод за магнетна резонанца и наоди од цереброспинална течност.

Може ли да се подобри квалитетот на животот на пациентите?

Оваа тешка болест најчесто ги погодува младите, па логично е прашањето, како да се живее денес со МС и дали и како може да се подобри квалитетот на животот на оние кои се погодени од оваа состојба. Покрај терапиите кои помагаат да се забави прогресијата на болеста, на пациентите им се советува да практикуваат Пилатес, многу одење, физикална терапија и многу релаксација – физичка и ментална.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi