Земја во соседството на работ да направи ЛЕК ЗА КОРОНА?

7 јули, 20200
sosedi

Клиничките испитувања на лекот против корона започнаа во мај

Бугарските лекари се на работ да откријат лек против корона вирусот, рече министерот за здравство на таа земја, Кирил Ананиев.

Директорот на извршната агенција за лекови, Богдан Кирилов, изјави дека бугарските истражувачи биле меѓу првите кои го следеле примерот на Австралија и почнале да ги проучуваат својствата на лекот „ивермектин“ (користен за лекување на разни инфекции предизвикани од паразити).

„Бугарија е првата земја на ЕУ што започна вакви клинички испитувања. „Речиси веднаш по нас, започна истражувањето во Шпанија, потоа во Бразил и во САД“, рече Кирилов на брифингот. Клиничките испитувања на лекот против корона започнаа во мај, а во него учествуваат 30 пациенти од девет болници.

„Се надеваме дека на крајот на месецот ќе ги имаме првите резултати од таа група од 30 лица. На крајот на јули, почетокот на август, ќе имаме повеќе информации“, рече тој.

Во јуни, Кристина Есканази, претседателка на одборот на директори на Здружението на биотехнологија и медицински компании, рече дека бугарските претприемачи се еден чекор од откривање на молекули за лекување на коронавирусот.

„Тоа е комплициран, скап и долг процес, но ние не се откажуваме и работиме 24 часа на ден. Веќе имаме признание. Поканети сме да се приклучиме на големите европски конзорциуми во рамките на европската програма “, рече Ексеназијева, изразувајќи надеж дека Бугарија ќе го поддржи истражувањето во таа област.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi