Здравствените придобивки од сурутката:”сељачки” напиток кој лечи сè!

28 април, 20200
сурутка

Сурутката е богата со хранливи материи, полна е со јаглени хидрати, минерали и витамини.

Ова е “нус производ” кој настанува при производство на сирење, а во него остануваат неговите највредни состојки од млекото: витамини Б и Е, минерали и млечни шеќери кои се корисни за мозокот.

Спас за црниот дроб

Содржи бета-лактоглобулин кој помага во болестите на црниот дроб, а помага и кај луѓе кои боледуваат од цироза. Лечи замастување на црниот дроб, хепатитис и жолтица.

Пијте една чаша сурутка дневно за подобра работа и здравје на црниот дроб.

Помага за слабеење

Сурутката содржи многу белковини кои ја зголемуваат мускулната маса и даваат чувство на ситост. Во 100 грама сурутка има само 26 калории и затоа е добра за диета и за вита линија.

Намалува надуеност и лечи запек

Го поттикнува варењето, така што нема да имате непријатно чувство на надуеност. Сурутката е диуретик, па не треба да претерате со нејзината конзумација (максимална количина е еден литар сурутка на ден), бидејќи можете да добиете дијареа. Таа делува и како пробиотик во цревата.

Ги отстранува стресот и заморот

Сурутката го поттикнува лачењето на серотонинот, така што го намалува чувството на стрес и хроничен замор.

Го регулира вишокот маснотии во крвта

Сурутката се препорачува кај луѓе кои имаат проблем со маснотиите во крвта а кои не можат да се контролираат со лекарства или исхрана. Сурутката го регулира нивото на холестерол и триглицериди.

Го намалува крвниот притисок

Редовното конзумирање на сурутка помага за здрав крвоток бидејќи ја намалува глукозата во крвта, а го намалува и ризикот од срцеви заболувања.

Напомена: 

Заради високото количество на млечен шеќер сурутката е продукт кој може да предизвика дигестивни проблеми кај луѓе кои се интолерантни на лактоза.

За да се осигурате дека не сте алергични на сурутка, можете да направите мал тест.

– Намачкајте помала количина на сурутка на зглобот на раката навечер со триење. Ако се појави црвенило и надразнетост и истото се задржи до утрото, не треба да конзумирате сурутка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *