Жените кои раѓаат на оваа возраст имаат натпросечно интелигентни деца

5 јуни, 20200
majki

Научниците открија дека возраста на мајката всушност може да влијае на потомството

Планирањето на бременоста стана една од најважните задачи за жените затоа што сакаат да имаат деца кога сметаат дека е најдобро. Некогаш, не е важно дали таа ќе се породи на 25 или 35 години, но сепак возраста на жената може да влијае на потомството, покажало едно истражување …

Дали има вистинско време да забремените? Ова прашање сè уште предизвикува дебата помеѓу луѓето денес и се чини дека вистинскиот одговор не постои. Секоја жена е подготвена за мајчинство во одреден момент.

Меѓутоа, ако планирате да забремените, не би било лошо да се знае дека научниците откриле дека најинтелигентните деца се раѓаат во одредена возраст од мајката.

Истражувањето траело неколку години, а нивна главна тема била здравјето и интелектот на детето.

Според нивните резултати, златните години за раѓање деца се во триесеттите.

Когнитивните тестови покажаа дека децата родени од мајки во своите 30-ти години се без сомнение значително поинтелигентни од децата родени во нивните дваесетти години.

Ако се прашувате зошто е тоа така, жените кои го имаа своето прво дете во триесеттите години, се всушност во средина на животот, генерално се пообразовани и имаат поголеми примања. Покрај тоа, тие имаат подобри шанси да го стабилизираат односот со децата и да создадат силна психолошка структура на детето, а благодарение на финансиите, можат да вложат пари за сите потреби на детето, како и да го поддржат во неговите хоби. Исто така, тие често се во постабилни емотивни врски и се смета дека планирале бременост.

Жените пак кои раѓаат деца во четириесеттите години, наводно, дојат подолго и им читаат почесто на децата, покажува студијата.

Поради тоа, децата честопати се склони кон дебелина, затоа што постарите мајки играат помалку со своите деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi