Животот без секс остава последици по здравјето, но што се случува доколку имате премногу “акција”?

13 мај, 20200
секс 1

Недостатокот на секс може да доведе до здравствени проблеми. Но што се случува доколку имаме премногу секс?

Една експертка за секс вели дека многу секс може да штети само во еден случај, исто како и при недостатокот од секс, а тоа е незадоволството.

Во никаков поинаков случај сексот не може да штети, напротив, корисен е, па можете да го практикувате колку што сакате.

Но таа вели дека не сте сексуално поздрави ако често водите љубов. Важно е да сфатите во која мера на вашето тело му е потребна интимност, т.е. колку секс вам ви одговара.

Доколку имате многу секс и тоа ве прави задоволни, тогаш имате многу предности. Освен што го јакне имуниот систем, сексот помага за правилно функционирање на срцето и спречува болести.  

Внимавајте! Премногу секс може да предизвика иритација на вагината и други проблеми како што се инфекции. Доколку ви се појават иритации, престанете со сексот додека не се смири местото. До иритација може да дојде и заради недоволна влажност на вагината, па препорачливо е да користите лубриканти.

На крај, што се случува генерално со вашето тело ако имате многу секс и сте задоволни од него? Ќе станете среќна, исполнета жена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *