Животот по раскинувањето: Тој ги губи пријателите, а таа го менува изгледот

8 октомври, 2020
befunky-collage_Wuh3EVL

По раскинувањето, жените имаат потреба да ги споделат своите најдлабоки чувства со пријателите и на тој начин да ја ослободат целата болка што ги мачи, додека мажите одбиваат да се соочат со чувствата и ги потиснуваат чекајќи да поминат сами.

Иако мажите по природа се позаљубени од припадничките на понежниот пол, тие ретко навистина им го даваат своето срце. Бидејќи им е тешко да се отворат, потешко им е да се справат со раскинувањето, тврдат психолозите. Од друга страна, жените побрзо препознаваат дека е готово, додека на мажите им треба малку подолго и ќе го негираат она што се случило некое време и сметаат на помирување.

Тие повеќе се потпираат на левата страна на мозокот кој е задолжен за логично размислување, додека кај жените поизразената десна страна е одговорна за интуицијата, чувствата и изразувањето.

Како жените, а како мажите се справуваат раскинувањето

По раскинувањето, жените имаат потреба да ги споделат своите најдлабоки чувства со пријателите и семејството. Тие не ги чуваат работите за себе како што прават мажите. Горчината не се акумулира во нив, а болката излегува, поради што тие можат побрзо да го продолжат животот.

– За разлика од нив, мажите не ги споделуваат своите емоции со другите. Најчесто ги потиснуваат во себе и се преправаат дека сè е во ред – изјави британската сексуална терапевтка Трејси Кокс.

Мажите се презаситуваат со работа за да не размислуваат за бившата, барајќи утеха во алкохолот или други жени. Тие ќе сторат сè што можат за да не се соочат со раскинувањето и болката што ја носи тоа. Изразувањето чувства за нив најчесто е знак на слабост и патетика и се плашат да не испаднат слаби пред своите пријатели.

Тој губи повеќе пријатели

По раскинувањето, поранешните партнери беа принудени да создадат нов и независен живот. Жените повеќе се потпираат на пријателите во такви моменти, додека мажите им се обраќаат на своите соло пријатели. Најчесто ги отфрлаат заедничките пријатели во корист на самците затоа што им е тешко да слушаат како бившата добро се снаоѓа во животот.

Таа изгледа подобро

Жените по раскинувањето честопати го менуваат својот изглед, фризура или стил на облека и на тој начин најавуваат нов почеток. Новиот изглед ја крева нивната самодоверба и веднаш изгледаат подобро. За разлика од нив, мажите страдаат во тишина, што многу се рефлектира во нивниот изглед. Заморот, исцрпеноста и непроспиените ноќи оставаат траги, тврди Кокс.