Знаете ли што е ФОМО синдром? Тој синдром може да ви го упропасти водењето на љубов, а за тоа да не бидете свесни…

2 август, 20200
fomo

Сексот се познава по „спонтаниот“ и „возбудливиот“ однос во која двајцата партнери доживуваат кулминација и заспиваат после тоа.

Тоа е класична сцена која ни ја сервираат филмовите, сериите и популарните романи, меѓутоа, совршен секс ретко постои во реалноста.

Реалноста е сосема поинаква, а истражувањата покажуваат дека многу страдаат од синдром ФОМО, или со други зборови: страв дека нема да имаме совршен секс каков што имаат сите други.

„Кулминација,некогаш дури и повеќекратна, совршен секс и без предигра, задоволство од обете страни… Сексот во филмот и во реалноста е доста поразличен, побавен и многу помалку гламурозен. Возбудата кај обајцата партнери е многу ретко на исто ниво за време на сексот, а само 30 проценти од жените можат да доживеат оргазам без стимулација на клиторисот. Затоа сценариото на ФОМО сексот е физички и емотивно невозможен во пракса, но е сосема нормално човечкиот ум да размислува за тоа и да сака да го реализира “, наведува сексуалниот терапевт Петра Зеброф.

„Моето истражување покажа дека околу 66 проценти од луѓето од време на време доживуваат ФОМО, а жените се повеќе склони кон тоа. И двата пола признале дека сонуваат за совршен секс во кој нивниот партнер може да им го прочита умот и точно да знае што да прави во секој даден момент. Звучи одлично, но само во фантазиите “, објаснува Зеброф.

Пеги Клинплац, автор и експерт за позитивна сексологија, ги истражуваше паровите кои тврделе дека имаат „прекрасен секс“.

„Тие многу ретко мислат дека одличниот секс мора да биде страствен и спонтан. Тие веруваат дека најважна е комуникацијата, како и редовното истражување. За нив е возбудливо да научат нови работи за нивниот партнер. Тие се убедени дека за добар сексуален живот треба да се вложат големи напори и енергија.Од друга страна, луѓето кои имаат проблеми со сексот, мислат дека сето тоа им е „работа“ и не се склони да се посветат на тоа“, вели Пеги Клинпиќ.

ФОМО сексот може да има лош ефект врз нашиот сексуален живот на долг рок затоа што ние постојано ќе се стремиме кон нешто што е реално невозможно. Од друга страна, тоа и не е толку лошо, затоа што нè тера да бидеме сексуално активни и да се стремиме кон спонтаност.Исто така, ќе ја поттикне и комуникацијата со партнерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *