Зошто е важно да вечераме пред 18 часот? НЕ ПОРАДИ ВИТКАТА СТАВА ТУКУ ПОРАДИ ОВА!

23 септември, 2020
374419_salata_f

Би било навистина паметно да вечераме до околу 18 часот, но не поради витката фигура, туку поради нашето здравје.

Жените кои вечераат по шест часот навечер имаат поголем ризик од срцеви заболувања, покажа новата едногодишна студија.

Луѓето кои јадат доцна имаат поголем ризик од висок крвен притисок, висок индекс на телесна маса и нивното тело има помалку контрола над нивото на шеќер во крвта.

Експертите од Универзитетот во Колумбија анализирале 112 жени и велат дека изборот за вечера порано може да биде лесен начин за намалување на ризикот од срцеви заболувања.

Експертите посочуваат дека за здравјето на срцето важно е луѓето да не пушат, да бидат физички активни, да се хранат здраво и да одржуваат здрава телесна тежина, да имаат низок холестерол, крвен притисок и нивоа на шеќер. Студиите покажаа дека луѓето со овие параметри се на нормално ниво, имаат помал ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

Учесниците во студијата имале просечно 33 години и за време на истражувањето воделе електронски дневник за тоа што јаделе, колку и кога. Правејќи ги прегледите за срце, научниците утврдиле дека луѓето кои јадат после 18 часот имаат посиромашно кардиоваскуларно здравје.

Кај жените кои внесуваат многу калории по ова време, забележан е висок крвен притисок. Тие исто така се повеќе склони кон зголемување на телесната тежина и слаба контрола на нивото на шеќер во крвта – што се сериозни фактори на ризик за срцеви заболувања.

Маркерите за кардиоваскуларни заболувања се зголемуваат за секој процент на калории изедени после 18 часот, покажаа резултатите од студијата.

Д-р Нур Макарем истакнува дека не е страшно ако јадете нешто после овој период во текот на денот, но дека тогаш не треба да консумирате повеќе од 30 проценти од вкупните дневни калории.