Зошто оваа група на мажи се најосетливи на инфекција со коронавирус?

12 мај, 2020
вирус

Една неодамнешна студија открива дека мажите со срцеви заболувања во крвта имаат поголема концентрација на одреден ензим ACE2 отколку жените со срцеви заболувања.

Поголемата концентација на ACE2 може да доведе до поголема чувствителност кон коронавирусот, но потребно е да се спроведат уште истражувања, особено затоа што возрасните лица кои учествувале во истражувањето не биле пациенти со Ковид-19.

ACE2 е рецептор на површината на клетките. Тој се врзува за коронавирусот и му овозможува да влезе и да ги инфицира здравите клетки откако друг протеин го модифицирал на површината на клетките.

Високото ниво на ACE2 е присутно во белите дробови, па се смета дека тој има пресудна улога во развивањето на белодробните заболувања поврзани со Ковид-19.