Зошто родителите никогаш не треба да им викаат на своите деца: Ова се последиците!

1 мај, 20200
dete

Кога ќе се роди бебето родителите честопати веруваат и тврдат дека никогаш нема да го покачат својот глас на нив, дека ќе воспитуваат убаво и смирено. Но, најчесто, реалноста е сосема поинаква.

За да останете смирни додека воспитувате дете, потребни се челични нерви и многу повеќе од тоа. Сепак, повеќето родители не успеваат во тоа и често сѐ завршува со секојдневно викање на детето.

Ова е голема грешка, пред сѐ од овие три причини:

Викањето не е ништо подобро и помалку стресно од физичкото насилство

Научните истражувања покажуваат дека викањето го има истиот негативен ефект врз психата на детето како физичка казна. Ако родителите цело време викаат им на своите деца, тоа може да има исти психички здравствени последици како и тепањето.

Психолошка траума и последици

Ако детето постојано слуша викање, навредување, критикување и заплашување, честопати, во иднина страдаат од ниско самопочитување, депресија и анксиозност , дури и агресија и други форми на девијантно однесување.

Со викање не постигнувате ништо

Воспитувањето дете во добра личност со постојано викање е невозможно. Поради викањето, децата се чувствуваат несакани, безвредни и недостојни за убаво однесување кон него. Мозокот на детето е неверојатно чувствителен на агресија и лутина. Покрај тоа, детето брзо го усвојува вашиот модел на однесување и во иднина ги решава проблемите на деструктивен начин.

Се разбира, сосема е разбирливо дека понекогаш, ако не и често, е многу е тешко да останете смирени и да не го кревате вашиот глас. Но, мора дасе обидете за вашето дете и за себе. Ако чувствувате дека „вриете“, излезете од просторијата неколку минути, смирете се, потоа вратете се и започнете смирен разговор со вашето дете.

Ако не успеете да се исконтролирате, тогаш, размислете за ситуацијата, извлечете заклучоци и извинете му се на детето затоа што сте го навредиле. Запомнете, нивните души се почувствителни од нашите и тие секој збор иго зимаат при срце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *