Зошто сендвичите се повкусни кога некој друг ќе ги направи?

5 мај, 20200
сенвич 111

Дали некогаш ви се случило храната да ви биде повкусна кога некој друг ви ја подготвува?

Ако вашиот одговор е позитивен, прочитајте како познатиот психолог Даниел Канман го објаснил овој феномен за NY Times:

Додека го подготвувате вашиот сендвич, размислувате за тоа каков вкус ќе има подоцна. И кога долго време размислувате за одредена храна, станувате „помалку гладни“ за таа специфична храна. Доаѓа до еден вид заситеност, како на пример кога луѓето успеваат да јадат десерт откако веќе не можеле да изедат уште едно парче од главното јадење. Кога некој друг ќе ни направи сендвич, тој не е „претходно консумиран“ на тој начин.

И истражувачите од универзитетот Карнеги Мелон веруваат дека ако одредено време гледаме како се подготвува некој сенвич, станува помалку невообичаен и, според тоа, помалку пожелен. Сличен феномен се јавува кога долго време сме изложени на одредена храна, на пр. петтиот залак на чоколадо е обично помалку вкусен од првиот. Тие ова го докажаа и преку низа експерименти – колку повеќе учесници замислувале консумирање одредена храна, толку е помала веројатноста тие подоцна истото да ја јадат.

Дали и вам ви е повкусна храната кога е подготвена од некој друг? Споделете во коментарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *