Зошто твојот „НАЈЗЛОБЕН“ другар/ка е всушност твој најдобар другар/ка

12 мај, 20200
Capture
  • Нема влакна на јазикот, ќе ти го каже и она што не сакаш да го слушнеш, понекогаш е и груба
  • Внимателно слушај кога нешто ти говори, верувај. Колку и да звучи непријатно ќе добиеш добар совет
  • Истражувањата појаснуваат зашто „најзлобниот“ другар/ка ти е и најдобар

Ако некогаш сте се запрашале зашто од сите другар/ки кои ги имате најчесто во сложени ситуации совет барате од они кои немаат влакна на јазикот и кои знате добро да те приземјат и без пардон да те искритикуваат, може слободно да кажеме дека тоа е и најлогично. Колку и да изгледа непријатно она што ќе ти го каже сепак тоа е она што сакаш да го слушнеш при донесување на одлука. И самиот инстинкт тоа ти го потврдува. Истражувањата покажале дека брутано искрените другар/ки се всушност оние кои се грижат најмногу за тебе, како и за потребата да имаш повеќе такви другар/ки отколку оние што само климаат со глава и се согласуваат за се. А еве го и објаснувањето за истото.

Иако, таа брутална искреност која може без пардон да те удри како шлаканица, да биде напорна па дури и да те повреди, поради што ти се личи дека имаш безчуствителна другар/ка. Но сето тоа е со добра намера. Според истражувањето направено во списанието Association for Psychological Science, блиските другар/ки понекогаш ќе ти кажат непријатни работи за слушање верувајќи дека се за твое добро, и колку и да изгледаат лошо сепак на крајот од нив ќе призлезе нешто добро. Тоа го прават бидејќи се грижат за тебе.

Од испитаниците во ова истражување се барало да се замислат себе си во некоја непријатна  ситуација и да предвидат како би изреагирале, со претпоставка дека ќе го изберат најнегативниот начин за да им помогнат на лицата со цел да извлечат нешто позитивно од истата ситуациите. Сите добиле „писмо“ од замислен пријател/ка во кое пишувало дека поминуваат низ тешка разделба. 

Да не должиме со методологијата, се покажало дека они учесници во истражувањето кои најмногу сочуствувале со своите пријатели всушност предизвикале бес па дури и страв, кои се непријатни емоции но и нормални работи кои ни се потребни за да имаме баланс во животот. Сепак ти „лоши“ емоции ни помагаат во тешки ситуации и моменти. На пример, зашто да плачеме и жалиме по партнерот кој не изневерил? Подобро е бесно да се каже „ма кој те врти“ и да сфатиме дека таков не ни треба и да продолжиме со животот. А можеби најдобриот другар/ка е оној кој треба да ни каже дека е кретен/ка, дека бил/а и ќе остане секогаш кретен/ка, дека не те заслужува и дека не вреди да се плаче за него/неа колку и да во тој момент ти е тешко и не сакаш да го слушнеш тоа.

Сепак овие „злобни“ другар/ки треба да ги разликувате од негативните личности кои за вас имаат само критики и невкусни зборови кои прават да се осеќате лошо, неадекватно и со помала вредност, а тоа е најчесто затоа што така тие се осеќаат подобро. Тоа не се другар/ки па дури и ако нон стоп поминувате време заедно и се познавате од детство. Тоа пријателство најпаметно е да го прекинете.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *