Зошто убавите девојки пагаат на непривлечни момци?

3 септември, 2020
биг бенг






Сигурно ви се случило милион пати да видите згодна и убава девојка во прегратките на не толку привлечен маж.

Признајте дека првото нешто што тогаш ќе ви падне на ум е „Мора да е заради парите“. Сепак, тоа можеби воопшто не е точно.

Научниците спроведоа интересно истражување за да утврдат врз основа на кои девојки ја избираат својата посилна половина.

Погледнете зошто привлечна девојка повеќе би одбрала смешен и забавен , отколку убавец од теретана.

1. Сигурност пред привлечноста

За разлика од мажите, за кои изгледот на нивната избрана е важен од гледна точка на еволуцијата, односно поради добрите гени кои ќе бидат пренесени на потомството, за жените е многу поважно да имаат покрај себе стабилен, сигурен и посветен маж,деца, безбеден дом.

2. Личност пред физички изглед

Атрактивните момци обично сметаат дека да се биде привлечен е доволно и тие не работат на развој на нивната личност, туку чекаат девојките да паднат под нивните нозе. Но, кога ќе помине фасцинацијата со физичкиот изглед, останува само неговиот карактер и карактеристики, а секоја девојка повеќе сака да го сподели својот живот со харизматично, духовито и талентирано момче со поголем нос и поголеми уши, отколку со празна убавина.

3. Отвореност пред мускулното тело

Добрата комуникација, отвореноста и изразувањето на емоциите се исклучително важни за жените. Нема ништо попривлечно од маж кој е мажествен и полн со самодоверба и кој не се срами да му покаже на целиот свет дека вие сте неговиот свет. Згоден себичен маж кој е вљубен  во својот бицепс и неговиот одраз во огледалото покрај овој нема шанси.