Беше ИКОНА НА СТИЛОТ, а сега се шета во пижами: Шерон Стоун во издание кое предизвика ХАОС на улиците на Беверли Хилс (ФОТО)
Познатата актерка повеќе не се грижи за модните правила.
Шерон Стоун излегла на вечера со својата пријателка во ресторан во Беверли Хилс, а папараците едвај ја препознале познатата актерка поради нејзината облека.
Имено, актерката носеше долен дел од пижами „оверсајз“ кои ги искомбинирала со џемпер и блејзер во темносина боја.
И покрај тоа што не беше во издание кое доликува на филмска дива, актерката се чувствуваше одлично, а беше и расположена.
Да потсетиме, откако Шерон преживеа мозочен удар во 2001 година, таа одлучи да живее по свои правила. Сега ѝ е поважно со кого поминува време, отколку што ќе облече и што некој ќе мисли за нејзиниот изглед.
„Со текот на годините станав поселективна за тоа со кого го поминувам времето и повеќе не сум опседната со својот изглед. Идејата за вечна младост е мит и би сакала да ја научив многу порано. сакам да изгледам помладо, сакам да бидам најубава жена Секоја жена треба да дојде до онаа фаза каде што може гордо да каже – горда сум на тоа што сум“, изјавила еднаш актерката.