Времето на класики и модна досада помина! Ова се НАЈДОБРО ОБЛЕЧЕНИТЕ МАЖИ за 2021 година

24 ноември, 20210
331395_timotisalamelilnas_ff

Пандемијата на коронaвирусот ни донесе многу промени во секојдневниот живот и во модниот стил, па удобноста и лежерноста беа на прво место и во женската и во машката мода. Вреќасти панталони, тренерки, предимензионирани парчиња и папучи се составен дел од уличните стилски комбинации, но со листите на најдобро облечени сепак суверено владеат оние кои се подготвени да одат чекор понатаму и да негуваат елегантен стил!

Британското издание на магазинот GQ ја состави својата листа на мажи кои биле најдобро облечени оваа година и таа е многу колоритна и интересна. Посебно е интересно што оние кои го негуваат веќе видениот стил се сместени подолу: елегантниот Дејвид Бекам ја зазеде 23-та позиција, спортски облечениот Канје Вест е на 19-то место, класично облечениот Адам Драјвер е на 12-то, а Џастин Бибер, кој ги меша сите споменати стилови, се најде на 11-то место.

Сепак, првите десет места се далеку позабавни и повозбудливи!

10. The Weeknd
9. Даниел Крег
8. Џош О’Конор
7. Малума
6. Тајлер
5. Хари Стајлс
4. Френк Оушн

3. Скепта

Британскиот рапер е секогаш подготвен за експериментирање, а без разлика дали носи тренерка или костим со дезен од брендот Bottega Veneta – тој секогаш се истакнува со тоа што покажува дека типичен мачо маж не мора да игра на сигурно кога е модата во прашање.

2. Тимоти Шаламе

Американскиот актер од почетокот на кариерата го донесе класичниот стил на поинаков начин, а промоцијата на филмот „Dune“ годинава беше навистина можност да блесне! Соработувал со дизајнери како Хајдер Акерман и Том Форд, а на фестивалите во Кан и Венеција ја демонстрирал својата позиција дека модата не смее да биде досадна.

<p>Magazin GQ objavio je listu najbolje obučenih poznatih muškaraca u godini na izmaku, a na njoj ima svega ― a najmanje čuvenih frajera koji preferiraju monotona i već viđena izdanja</p>

1. Лил Нас Икс

Новата музичка суперѕвезда и единствениот деклариран хомосексуалец во хип-хопот денес од ден на ден докажува дека е храбар и дека не го интересира туѓото мислење, па не е чудно што е подготвен, да речеме, да се појави на црвениот тепих во златен оклоп! GQ го опишува неговиот стил како комбинација на Доли Партон, Принц и Рик Џејмс, а Донатела Версаче истакнува дека тој е човек кој несомнено се изразува преку начинот на кој се облекува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *