Како вашата боја да трае што подолго: Фризер открива трикови кои злато вредат!

29 ноември, 20210
shutterstock1822862171-830x0

Секоја жена што ја бојадисува косата, без разлика дали тоа го прави сама дома или им го препушта на професионалци, има за цел да се фарба на што подолго, за интензитетот на бојата да биде како првиот ден и косата да изгледа уредно и свежо.

Сепак, тоа не се случува секој пат, бојата се мие и немате доволно време или ресурси за да го направите тоа одново. За среќа, постојат неколку трикови кои ќе ви овозможат да ја задржите фарбата на косата што подолго.

Давид Станко, професионален фризер, вели дека специјализираните производи за коса содржат силикони кои ја зачувуваат бојата, но дека треба да се внимава тие да немаат сулфати, кои се силни детергенти кои ја мијат бојата.

– Важно е да се заштити обоената коса од високи температури. Некои од состојките во бојата за коса го отстрануваат заштитниот слој на кутикулата, за бојата да може што подолго да навлезе во косата – вели Џоел Ворен, фризер на познати личности од Њујорк.

Ова ја прави косата поподложна на сушење додека ја сушите со фен или ја исправате со пегла, па многу брзо ќе стане безживотна. Чувајте ја хидрирана со помош на спреј за заштита на вашата коса од високи температури.

Русокосите ќе го продолжат времетраењето на бојата ако ја измијат со благ, разладен чај од камилица, а дури потоа со вода. Без разлика на бојата, израстоците најдобро ќе ги покриете со виткање на косата.

Исплакнете со малку сода бикарбона

Водата од чешмата содржи хлор и магнезиум, кои би можеле да се таложат на косата, поради што таа ќе делува безживотно. Затоа, по туширање и миење на косата, треба да ја измиете косата со малку газирана вода или вода во која сте додале една лажичка сода бикарбона.

Прикривање седи влакна со сенка за очи

Доколку сакате брзо да го поправите израстокот или да ја покриете седата коса, а немате време да ја фарбате косата, наједноставниот начин е да нанесете темна сенка за очи со стара четка за заби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *