КАРЛЕУША ПРИЗНА ДЕКА КУПУВА НА РАСПРОДАЖБА: „Одам на модни ревии во облека од 10 evra, не би поверувале“
Јелена Карлеуша, една од најдобрo облечените пејачки на естрадата, откри колку чинат некои комбинации на облека кои сме ги виделе на телевизија.
Пејачката Јелена Карлеуша е позната како една од најдобро облечените пејачки во регионот, а познато е дека троши луди пари на „крпчиња“.
Таа често спомнува дека ја копираат големи светски ѕвезди, а само некои од нив се Ким Кардашијан и Аријана Гранде.
Иако во плакарот има партали вредни неколку илјади евра, Јелена откри дека купува работи од 500 и 1.000 денари!
„Го следам она што го објавуваат светските дизајнери, нови колекции за сите сезони. Модата е мое хоби, страсна сум околу тоа. Го можам тоа и имам среќа што имам добар вкус. Носев работи во Гранд за буквално 500, 1.000 денари, кои ги купувам на попуст. Потоа земам ножици, игла и конец, сечам, закачувам, ставам ремен, сандали и секогаш добивам најмногу лајкови за најевтините работи“, изјави пејачката.
Погледнете ги најпознатите комбинации на облека на Јелена: