КОЖНАТА ТОРБА ЈА БРИШЕТЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА? Еве зошто НЕ ТРЕБА да го правите тоа!

30 ноември, 20210
480764_tasna-brisanje_f

Влажните марамчиња ни се секогаш достапни, па ги користиме за бришење чевли, мебел, чанти… Сепак, ова не е добро решение

Многу влажни марамчиња содржат алкохол, па затоа треба да бидете внимателни со нив.

Еве 6 работи кои никогаш не треба да ги бришете со влажни марамчиња.

  1. Кожни чанти или кожен мебел

Ако вашата омилена кожна чанта се извалка или истуривте нешто на парче мебел покриено со кожа, можеби мислите дека најбрзиот начин е да ја избришете површината со влажна крпа, но тоа може трајно да ја уништи кожата. Наместо тоа, набавете средство за чистење на кожата или, за прва помош, нежно избришете го местото со сапун и вода.

  1. Очила за вид

Не треба да ги бришете со влажни марамчиња, бидејќи тие со текот на времето можат да го отстранат заштитниот слој од стаклената површина. Исчистете ги со крпа и средство за чистење.

  1. Бисерен накит

Бришењето на бисерните ѓердани или сличен накит со марамчиња за дезинфекција воопшто не е добра идеја. Амонијакот, кој е вообичаена состојка во овие марамчиња, може да ги оштети деликатните бисери и да го изгубат сјајот.

  1. Екран на допир

Да, отпечатоците од прсти се насекаде на телефонот, таблетот и другите уреди, но не бришете ги со влажни марамчиња. Еден дел од екранот може трајно да се замати. Подобро решение е да користите крпа за очила или специјално средство за екран на допир.

  1. Чувствителна облека

Кога ќе истурите нешто на вашата кошула, не посегнувајте по влажно марамче. На овој начин може да се оштетат многу материјали, па затоа е подобро обична салфетка само да се намокри со вода.

  1. Тепих

Теписите можат да бидат прилично меки и не треба да се перат на кој било начин. Ако истурите нешто на вашиот тепих, подобро е да не посегнувате по влажно марамче, бидејќи тие можат да го оштетат. Наместо тоа, исплакнете со обична вода и квалитетно средство за чистење теписи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris