НЕПРИЈАТЕН МИРИС НА ЏЕМПЕРИТЕ: Еве како да го отстраните на 3 лесни начини

26 ноември, 20210
Screenshot_9

Со оглед на тоа дека есента во голема мера е во тек, а зимата е веднаш зад аголот, тоа може да значи само едно – време за џемпери.

 

Температурите се сè пониски, полека се префрламе на зимска облека.

 

Меѓутоа, додека ги вадите омилените џемпери од плакарот, може да забележите дека им треба малку освежување.

 

Сопственичката на компанијата „Clean Mama“, Беки Рапинчак има три одлични совети како да го направите тоа, без да ги носите на хемиско чистење или пак да ги исперете повторно.

 

  1. Искористете го замрзнувачот

 

Замрзнувачот може да се користи и за отстранување на мириси, тврди Беки, а сѐ што треба да направите е да го ставите џемперот во кеса и да го оставите во замрзнувач преку ноќ.

 

– Ладниот воздух ќе ги убие бактериите кои се одговорни за лошата миризба – објаснува таа и додава дека е добро овој метод да се применува и со фармерки и спортска опрема.

 

  1. Направете сами средство за освежување

 

Потребно е:

 

– ½ шолја вода

– ¼ шолја вотка или чист алкохол

– 5 капки есенцијално масло по избор

– шише со спреј

 

Истурете ги сите состојки во шишето со распрскувач и протресете да се соединат. Закачете го џемперот на закачалка и попрскајте го со средството за освежување. Оставете да се исуши.

 

  1. Брзо сушење во машина за сушење

 

Програмата за брзо сушење ќе помогне за освежување на елеците, особено ако ги ставите во машина за сушење заедно со топчињата за сушење волна на ниска температура, пет до десет минути, а кратката програма можете да ја повторите доколку е потребно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi