Не влегувајте во декември без ова! Емили Ратајковски го знае наједноставниот начин СИТЕ погледи да бидат вперени во неа

23 ноември, 20210
331409_emiliratajkovskiprofimedia0644418800_ff

Познатата американска манекенка пристигна на потпишувањето на својата книга во издание кое дефинитивно е едно од најдобрите што сме ги виделе оваа есенска сезона… а е толку едноставно!

Манекенката и актерка Емили Ратајковски деновиве ја промовира книгата „Моето тело“ која од неодамна е во продажба во Америка, а привлече големо внимание во јавноста уште пред да биде објавена. Станува збор за збирка на есеи на Емили кои се занимаваат со прашања за славата и убавината, но и со премолчување на деталите за сексуалното вознемирување и сексуализација на девојчињата и младите девојки во модната индустрија.

Како што опишуваат странските медиуми, тоа е дело на самосвесна жена која темелно ја анализира експлоатацијата на женското тело и ја истражува сопствената слика за себе.

Емили деновиве стави се на пауза и го промовира овој наслов, а вчера во Њујорк, каде живее со семејството, ја потпиша книгата и разговараше со обожавателите во една книжарница. За оваа прилика манекенката избра удобност, а успеа да претстави и еден од најспектакуларните стилови на облека што сме ги виделе оваа есен!

Емили се одлучи за црна комбинација, која остава многу силен впечаток благодарение на розовата јакна! Таа успеа да ја разбие монотонијата на најзабавен можен начин, а овој експеримент и беше успешен.

331408_emiliratajkovskiprofimedia0644418812_ff
331410_emiliratajkovskiprofimedia0644452795_ff
331411_emiliratajkovskiprofimedia0644452795_ff
331407_emiliratajkovskiprofimedia0644418800_ff

Не знаеме дали Емили го имала на ум трендот на розови палта, кои го одбележаа крајот на зимската сезона на почетокот на 2021 година, но блејзерот во силна розова нијанса е дефинитивно одличен начин да го привлечете вниманието кон себе, особено кога е во комбинација со неутрална модна варијанта на црна боја. Нејзиниот избор падна на сако со рамен крој со потпис на модната куќа Валентино, една од нејзините омилени, а се работи за парче чија цена е вртоглави 3.600 долари! Овој модел има лажни џебови, не го истакнува струкот, а реверите се потенки и многу долги.

Емили носеше и црни тесни панталони и блуза со затворена јака, кои ги искомбинира со чизми на високи потпетици, црн модел од Париз Тексас наречен Кики и чини 950 долари. Сè е дополнително зачинето со ретро очила за сонце со мачкаст облик од брендот Regard Sombre.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi