НЕ ТРОШЕТЕ ПАРИ НА МИРИСИ ОПАСНИ ПО ЗДРАВЈЕТО Направете домашен освежувач, кој носи прекрасна арома и среќа

24 ноември, 20210
rx5LN-214723-shutterstock-1427983922-ls

Многу поефикасно и поздраво е да се користат природни мириси, а сега ви носиме рецепт за освежувач кој привлекува позитивна енергија во домот

Мирисите во куќата се исклучително важни за атмосферата и енергијата. Експертите за недвижнини често препорачуваат при продажба на стан, домот да мириса на чисто или на кафе и нешто од рерната, таквиот мирис луѓето ги асоцира на дом.

Освежувачите на воздухот често се полни со хемикалии и токсични материи кои се штетни за телото и здравјето. Многу е поефикасно и поздраво да се користат природни мириси, а сега ви носиме рецепт за освежувач кој привлекува позитивна енергија во домот.

Еве како да направите природен освежувач за домот – отфрлете ја негативноста, привлечете мир и среќа!

Состојки:

10 капки есенцијално масло од лаванда

1 лажица сода бикарбона

1/2 л вода (најдобро дестилирана вода)

Шише со распрснувач

Подготовка:

Измешајте го есенцијалното масло со водата и сода бикарбоната. Добро промешајте ја смесата во шишето со распрскувач. Затворете го шишето и повторно добро протресете. Испрскајте ја просторијата, завесите и мебелот. Вашиот освежувач е целосно нетоксичен и ќе шири прекрасен мирис.

Лавандата е растение кое енергетски го чисти просторот и делува на вас смирувачки, намалувајќи ја менталната напнатост и помага против несоницата. Покрај тоа, маслото од лаванда е одлична заштита од инсекти, особено од комарци, во летните месеци. Етеричното масло од лаванда е одлично против стрес, а наместо негативност и напнатост, ќе разбуди позитивна енергија во вашиот дом. Помага и при главоболки и мигрена.

Доколку не го сакате мирисот на лаванда, можете да се одлучите за есенцијално масло од портокал, кое делува смирувачки, додека розата го ублажува стресот, главоболката и го подобрува варењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *