Омекнете ја кожата на рацете и спречете пукање на ноктите: Целосна НЕГА НА РАЦЕТЕ благодарение на состојки од КУЈНАТА

29 ноември, 20210
Screenshot_2

Намирниците што ви се потребни за оваа рутина за убавина ги имате во кујната.

 

Доколку имате проблеми со сува и испукана кожа на рацете или тенки и кршливи нокти, направете ги овие едноставни препарати од намирниците кои секако ги имате во кујната.

 

Суви и испукани раце

Мешавината од маслиново масло и сок од лимон е идеална за суви и испукани раце. Навечер пред спиење, намачкајте ги рацете со оваа смеса и облечете памучни ракавици за маслото да делува во текот на ноќта.

 

Пилинг за нега на нокти

За домашен пилинг измешајте една лажица маслиново и рицинусово масло со една лажичка мед и половина шолја мелени ореви. Измасирајте го пилингот на ноктите и рацете, па по десет минути исплакнете го со топла вода и нанесете мрсна крема или вазелин.

 

Ноктите ја губат хидратацијата многу побрзо од кожата, па затоа е неопходно да го подготвувате овој домашен пилинг еднаш или двапати неделно за да ги зацврстите вашите нокти.

 

Купка која ги негува рацете

Измешајте една лажица камилица и еден литар топла вода. Кога малку ќе се олади, потопете ги рацете во сад и држете ги 15-20 минути, а потоа нежно избришете ги со крпа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris