Пет работи на кои не им е место во БАЊАТА бидејќи ВЛАГАТА може да ги уништи

21 ноември, 20210
1a827fafaad234923e7f4929570d7e2f1fd2bcdd

Многу луѓе имаат навика да ги оставаат овие работи во бањата, но тоа не се препорачува поради влажноста.

Во бањата вршиме многу утрински ритуали, па стана сосема нормално некои работи да се чуваат таму, за да бидат при рака во текот на утринската рутина.

Сепак, треба да се има предвид дека во бањата се задржува влага, што може да ги уништи овие работи.

Лекови, шминка, како и жилети се дел од работите за кои нема место во бањата.

Покрај овие работи, има и такви кои речиси сите ги чуваат во бањата, иако тоа не е препорачливо.

Крпи

Иако на многумина им изгледа лудо да чуваат крпи во друга просторија, има објаснување зошто треба да го примените тоа.

Имено, бањите се влажни места каде има разни бактерии, а крпите, особено ако се влажни, се идеални за нивно размножување. Ако немате каде на друго место да ги ставите, погрижете се да бидат обесени на најсувото место во бањата.

Бадемантил

На бадемантилот исто така не му е место во бањата, бидејќи како што е случајот со крпите, поради материјалот од кој е направен, подложен е на размножување на бактерии и габи.

Покрај тоа, влагата во бањата може да предизвика непријатен мирис на мувла на бадемантилот.

Книги и списанија

Книгите и списанијата, како и хартијата воопшто, многу брзо ја апсорбираат влагата во бањата, поради што страниците ќе се збрчкаат, а лепилото околу повезот ќе испари и ќе испушта токсини во воздухот.

Накит

Некои луѓе имаат навика да чуваат накит како обетки, прстени и алки во бањата, бидејќи има огледало, како и славина каде се мијат рацете, па на тоа место најлесно се отстранува накитот. Сепак, влагата му влијае на накитот, особено на среброто кое е многу чувствително на влага.

Парфем

Наглите промени во температурата што може да ги предизвика топлата вода може да влијаат на молекулите во парфемот, што може да доведе до тоа парфемот да почне да мириса кисело.

Најдобро е парфемите да ги чувате на поладно и потемно место, како што е плакарот или фиоката во собата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi