ПРИСТУГНУВА ЗАТЕМНУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО Од 4 декември моќните сили ќе донесат нови можности и почетоци во вашиот живот

27 ноември, 20210
Screenshot_7

Можеби ќе откриете дека сè за што сте работеле напорно конечно доаѓа со награда

 

На почетокот на декември затемнувањето на Сонцето пристигнува за време на младата месечина и носи големи промени.

 

Од мај 2020 година поминуваме низ циклусот на затемнување Стрелец-Близнаци, но тој сега е при крај и ќе заврши на 4 декември, со целосно затемнување на Сонцето за време на младата месечина. Затемнувањата се инаку моќни сили кои носат големи промени, настани кои ги менуваат и трансформираат нашите животи и имаат тенденција да не насочат точно каде треба да одиме, затоа не присилувајте ништо.

 

Затемнувањата можат да донесат нови можности и почетоци во вашиот живот, затоа останете отворени за она што ќе ви се најде на патот. Можеби ќе откриете дека сè за што сте работеле напорно конечно доаѓа со награда.

 

Ова целосно затемнување на Сонцето за време на младата месечина е последниот чекор на ова патување што го направивме досега, кулминација на сите наши енергии од почетокот на циклусот на затемнување, па можеме да го искористиме за да привлечеме што сакаме.

Гледајќи подлабоко во космичкото небо, и Меркур и Нептун се активни во моментот на ова затемнување, па можно е да ни се откријат некои досега скриени вистини. Меѓутоа, секогаш кога е вклучен Нептун како планета на интуиција, секогаш е важно да им веруваме на нашите инстинкти и внатрешен глас, без разлика какви сознанија доаѓаат до нас.

 

Добро е да погледнете во себе во овој период, а зборувањето и запишувањето на она што ни е на ум може да биде многу терапевтско. Без оглед на темите и разговорите кои се иницирани под ова затемнување, не заборавајте да бидете нежни, трпеливи и полни со љубов кон себе.

 

Сè на сè, ова затемнување е силен момент во годината и веројатно ќе не одведе до дестинација каде што напорно работевме. Како што пристигнуваме на нашата нова дестинација, важно е да одвоиме време за да бидеме благодарни за патувањето и да ги почитуваме лекциите и растот што ги постигнавме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *