Психо тест: Погледнете го часовникот и откријте дали сте „заглавени“ во минатото

1 декември, 20210
satovi-830x0

Асоцијативното размислување е гласот на потсвеста, патот до мистериозните агли на личноста

Психолошките тестови се интересни бидејќи даваат одговори на многу прашања. Тие се користат од психолози, а можат да се користат и самостојно. Посебно интересни се индикативните тестови на асоцијации.

Тие се засноваат на метафори, асоцијации или апстрактни слики и помагаат да се открие нашиот внатрешен свет. Асоцијативното размислување е гласот на потсвеста, патот до мистериозните агли на личноста.

Овој тест ќе ви покаже дали сè уште живеете во минатото или сте подготвени да направите чекор напред. Погледнете ги сликите и одберете го часовникот кој најмногу ве привлекува.

Часовник број 1

Вие живеете во моментот. Способни сте да уживате во малите нешта кои го сочинуваат животот, радостите на секојдневието… Задоволни сте и благодарни за она што го имате.

Опкружени сте со голем број пријатели и семејна топлина и тоа го сметате за ваш најголем успех. Знаете да уживате во моментот кој штотуку ви се случува и да бидете среќни за она што го имате. Вие сте личност која не е оптоварена со минатото или иднината.

Часовник број 2

Не сте заглавени во минатото, туку сте личност која живее во иднината. Полни сте со различни идеи за утре и за денес како да не ве интересира. За вас тоа е ден кој веќе е минато и вашиот ум веќе размислува и замислува нешто што допрва ќе се случи. Често се чувствувате вознемирени поради неизвесноста што ја носи тоа „утре“, кога очекувате многу.

Бидејќи живеете во иднината, не сте во можност да уживате во моментот. За да бидете посреќни и позадоволни, престанете да живеете во иднината и уживајте во секој момент во кој живеете.

Часовник број 3

Вие сте личност која е целосно заробена во минатото. Потребна ви е нова цел – сон кој дава сила и ве повикува напред. Не сте во можност да се ослободите од каење за работите што ви се случиле, а поради тоа и понатаму живеете и доживувате некои ситуации кои се случиле, а со кои не сте се помириле или ги прифатиле.

Време е да престанете да се каете и да живеете „заробени“ во времето што поминало. Грешките се составен дел од животот, треба да извлечете поука од нив и да продолжите понатаму. Го трошите драгоценото време на покајание, наместо да живеете „со полна плуќа“.

Часовник број 4

Овој часовник кажува дека сте излегле од минатото, но дека често му се враќате. Ви се чини дека таму секогаш имало нешто подобро и поубаво, дека тогаш ви се случувале некои важни работи. Но, и денес, утре ќе биде минато, па би било добро да го сфатите така и да почнете да го живеете „денес“ и да уживате во него.

Ви се чини дека животот во сегашноста е помалку исполнет и помалку интересен од оној што сте го живееле. Сакате често да се враќате на убави спомени и да се присетувате на некои важни моменти за вас. Често верувате дека само оние луѓе кои сте ги запознале во минатото се достојни за вашето внимание, а со тоа се лишувате од запознавање нови меѓу кои можете да најдете и квалитетни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi