Само за снаодливите: Најдраматичниот шведски национален парк без означени патеки!

30 ноември, 20210
62192710

Кога зборуваат за него, Швеѓаните обично велат дека Сарек е „најдраматичниот и најграндиозниот“ од сите национални паркови. Го красат планини над 2.000 метри со речиси сто глечери. Сите заедно се пресечени со остри и долги долини и диви води.

Ова повлекува и едно „но“. Станува збор за парк кој е меѓу најнепристапните во Шведска. Оваа убавина бара малку труд, но не е невозможно. Потребно е малку форма и добри планинарски чевли. Имено, во овој парк нема да влезете со автомобил – нема патишта, означени патеки, ниту сместување.

Паркот се наоѓа во провинцијата Лапонија во северна Скандинавија. Самиот регион е познат по народот Саами кој живее во Норвешка, Шведска, Финска и Русија. Тие често живеат поврзани со природата, па мештаните ги препознаваат како шумски Саами, планински Саами, морски Саами…

Покрај планинските врвови, можете да уживате и во долините. Најголемата долина се вика Рапа и се протега на 40 квадратни километри, а ја пресекуваат реката и нејзините притоки, што изгледа особено импресивно кога се гледа од височина.

Во кое време и да дојдете, ќе ве пречекаат неверојатни сцени. Пролетта и летото се резервирани за љубителите на сонцето, зеленилото и птиците кои во овој момент се враќаат дома. Реките и потоците набабруваат поради топењето на мразот, а ова е и сезона кога се раѓаат ирваси, па затоа треба да внимавате да не ги вознемирувате.

Летото е идеално време за љубителите на гастрономијата кои ќе имаат можност да купат свеж и миризлив домашен леб и свежа риба во живеалиштата на народот Саами. Едноставен оброк кој ќе вреди злато, особено по добар „hike“.

Есента носи сосема нови бои и малку посвежо време. Но, многумина ќе се согласат дека не е премногу студено да се пропушти рапсодијата што доминира во шумата. А зимата? Најдолгото време со себе носи поларна светлина, а вие понесете со себе – шатори и скии! Забавата е загарантирана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris