СОФИСТИЦИРАНО МОДНО ПАРЧЕ ЗА СЕКОЈА ЗИМА Марамите и шаловите ќе ја направат привлечна и најобичната комбинација на облека, давајќи ѝ топол и шик изглед

23 ноември, 20210
Screenshot 2021-11-23 180601

Во слоевити комбинации, преку блејзер, блуза или друго парче плетиво, со неизбежен додаток на топол зимски капут или јакна

Марамите и шаловите се омилен зимски додаток, без сомнение е еден од врвните класици во светот на модата, без кој ниту една зимска колекција и гардероба не би биле комплетни.

Секоја, и наједноставната, здодевна комбинација, дури и целосно еднобојната, со марама со интересен дезен, ќе изгледа фантастично!

Марамите се најдобриот сојузник во борбата против „немањето“ што да се облече, бидејќи со менување само шалови и други додатоци една иста облека може да изгледа сосема поинаку!

Како секој, дури и наједноставниот изглед со лежерен призвук за миг да го направите поуреден и да го претворите во комбинација на облека идеална за долг работен ден? Популарните модни трендсетерки открија моден трик кој лесно ќе го усвоите и сами. Модниот трик е всушност едно парче облека кое многу веројатно веќе е во вашиот плакар.

Најчесто го носиме во секојдневни комбинации, но своето место ќе го најде и во вечерниот зимски стајлинг. Со сите оние веќе познати начини на носење на нашите омилени џемпери, ролки и кардигани, оваа зима можеме да ги носиме на друг начин што го обожаваат љубителите на модата.

За дополнителна доза топлина и шик изглед, популарните модни трендсетерки во последните неколку сезони го носат омиленото плетиво како топол шал префрлен преку рамениците.

Во слоевити комбинации, преку блејзер, блуза или друго парче плетиво, со неизбежен додаток на топло зимско палто или сако, шалот ноншалантно закачен на рамо е совршен моден трик за зимските денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi